Девојче удрено со автомобил во Тетово


На ул.„Јане Сандански“ во Тетово, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.Ц.(34) од Тетово вчера во 15.50 часот удрило во малолетен пешак од Тетово.

Во незгодата, пешакот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.