Девизните резерви на крајот на ноември 4,92 милијарди евра
Девизните резерви на крајот на ноември годинава изнесувале 4.920 милиони евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (68,2%), по што следуваат валутите и депозитите (20,4%) и монетарното злато (11,4%).