Детскиот велодром во паркот Сарај пуштен во употреба


Во употреба е пуштен СТБ Детскиот велодром, изграден во паркот Сарај, на површина од 1.500 метри квадратни како спортско-рекреативна содржина и нова локација атрактивна за љубителите на спортот во Скопје. За сите млади, за љубителите на спортски активности со велосипеди, ролери и скејтборд, достапен е велодромот каде ќе можат да уживаат во новите забавни содржини. 
 
– Ја поздравуваме континуираната заложба на Стопанска банка Скопје, која во рамки на кампањата „Вози право, вози здраво“ како дел од своите општествено одговорни активности заедно со Град Скопје, реализираше уште еден проект значаен за граѓаните – велат од Градот.
 
Новиот велодром кој на децата и младите им овозможува да учат возење велосипед и да се едуцираат во безбедна средина, како проект на Стопанска банка Скопје реализиран со јавните претпријатија “Паркови и зеленило” Скопје и “Улици и патишта” Скопје, е резултат на повеќегодишната одлична соработка на Град Скопје со Стопанска банка како една од најдобрите општествено одговорни компании, се заблагодарија од таму.