Детален хороскоп за викендот


ОВЕН:
Вашите емоции се толку нагласени, така што лесно би можеле да изгубите сигурност, и тоа на повеќе полиња: ова е време да поставите здрави граници и да одземете од таму каде што има повеќе, давајќи онаму каде што нема. Најдете време да се повлечете и да се одморите, пред вас се големи промени. Размислувајте каде да попуштите. Практика.

БИК:
Нежни влијанија и овој викенд може да појдете со саканите на долгопосакуваниот пат или пикник: инсистирате на искреност и давате знаење за тоа што е потребно за да се напредува во и вон професионалната сфера. Нешто ќе остане недоречено, но сега е најдобро така, нема потреба од рационализирање. Одмор.

БЛИЗНАЦИ:
Во фокус се интимните врски, но добивате чувство како да возите во еднонасочна улица: Јупитер во Стрелец бара поинаку да ги погледнете туѓите потреби и да го разберете заморот на саканите. Нема потреба да размислувате дека не добивате ништо за возврат, бидете благодарни и ќе го одржите чувството за баланс.

РАК:
Наместо да се завртите кон сопствените грешки и потреби, вие упорно ги ставате љубоморните клешти во туѓите животи: ајде пријатели, зарем немате свој сопствен? Конфликт на интереси, жестоки зборови, кому му е потребно сето ова? Тоа е непотребна импулсивност која може да предизвика сериозни последици. Преспијте малку!

ЛАВ:
Во фокус е комуникацијата со блискиот круг луѓе, поврзана со креативните проекти, професионалните ангажмани, како и финансиска поддршка од страна на другите. Марс во Бик кажува дека бавно се движите кон целта, а тоа е причина повеќе да истраете и кога ќе стигнете на целта, да бидете уште позадоволни од себе. Договори.

ДЕВИЦА:
Сонцето во Риби ве исполнува со голема љубов кон животот и ова е период кога сите се шармирани од вашата сестрана природа: време за опуштање и посветување во љубовните врски. Не срамете се да ги изразите своите чувства, ќе успеете да ја задржите независноста. Брилијантен успех поврзан со работата и луда ноќна забава.

ВАГА:
Пред да прејде во интензивната Скорпија, Месечината во овој знак ги потенцира убавината, сензуалноста и магијата во интимната сфера. Ако нешто не успеало досега, тоа ќе се смени и луѓето ќе дојдат да чујат што имате да кажете, уживајќи во софистицираната перспектива. Многу шанси за нова интимна врска. Љубов.

СКОРПИЈА:
Тамам кога мислевте дека нема што да ве расположи, се случува промена: Месечината во вашиот знак укажува дека е време да станете и да продолжите понатаму. Во динамичен аспект со Марс, ќе ги нагласи вашиот шарм, спонтаност и интелигенција: добар период за посета на своите клиенти или бизнис-пат. Традиција.

СТРЕЛЕЦ:
Ова е променлив период и ќе треба да бидете претпазливи: планетите во Јарец кажуваат дека постои потреба да раскинете со минатото. Она што функционираше веќе нема никаква вредност, без оглед дали го сфаќате тоа или не. Можеби работите беа поставени погрешно од самиот почеток? Потребна е нова стратегија.

ЈАРЕЦ:
Планетарната слика е таква што дури сега ги сфаќате пораките за кои ви беше укажано неодамна. Можни се меланхолија и чувство на осаменост, но ова бргу ќе помине. Не плашете се за својата емоционална иднина, туку смирено размислете за тоа дали има рационални избори. Венера ќе ви помогне да го средите финансискиот хаос.

ВОДОЛИЈА:
Веќе некое време се обидувате да дојдете до рамнотежа, но не ви се допаѓаат опциите што ви се нудат. Засега ситуацијата е таква и со Марс во Бик ќе потрае и подолго од планираното, особено на домашен план. Бидете вредни и ангажирани и ќе избегнете фијаско! Доколку работите овој викенд, внимавајте што зборувате со колегите.

РИБИ:
Ова се денови што ќе бидат запаметени по голема страст: небесните тела во водените знаци ја потенцираат сензуалната природа и во вас се мешаат романтични и нежни емоции, како коктел од шарени креончиња! Некој окупира голем простор во вашата глава и сега е време да се сретнете со оваа личност. Искри и жар во љубовта.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]