Десонанз Фестивал овој викенд во дворот на Кинотеката


 

Во рамки на Десонанз Фестивалот, овој викенд во дворот на Кинотеката, публиката ќе има можност премиерно да го слушне новиот материјал на велешкиот мултимедијален артист Audio Portmanning, како и концертната промоција на албумот „The Story of Utopias” преку настап во живо на композиторот и продуцент Тони Димитров.

 

Во следните три фестивалски денови, со својата музичка визија ќе се претстават Soul Case, K-R-K и NastasyaKish – диџеи од новиот бран на македонската електронска сцена. Музичките настани ќе бидат проследени со видео проекции од филмскиот опус на младиот надежен режисер Илија Павлов.

На 15 јули ќе се претстави ди-џеј сет на Soul Case – Soul Case, алијас на Бојан Јанев, скопски диџеј, промотер и љубител на винили.

Настапот во живо на Тони Димитров, на „Audio Portmanning“ – Александар Трајковски и ди-џеј сет K-R-K ќе се одржи во сабота, 16 јули, а следниот ден, 17 јули е ќе се претстави ди-џеј сет на NastasyaKish.

Музичките настани ќе бидат проследени со видео проекции од филмскиот опус на младиот надежен режисер Илија Павлов.

Од Кинотеката соопштија дека фестивалската програма продолжува во соработка со скопското радио Амок, а самиот фестивал е финансиски поддржан од Град Скопје.