Дескоска: Најблиските на Росица имаат право да ја тужат државата

„Во најновиот случај Scuderoni v. Italy (бр. 6045/24) од вчера, Европскиот суд за човекови права утврди дека Италија ги прекршила член 3 (забрана за нечовечно или понижувачко постапување) и член 8 ( право на приватен и семеен живот). Жалителката тврдела дека по разделбата од #партнерот била изложена на #психолошки и #физички#притисоци, контроли, #вознемирување и #закани, и дека властите не презеле навремени и соодветни мерки за нејзина заштита.
Судот констатираше дека властите не направиле „проактивна проценка на ризик“ и дека имало значителни одложувања (на пр. осум-девет месеци за судење, два месеца до регистрација на кривичната пријава) што укажува на неадекватен одговор на сериозноста на ситуацијата. Како надоместок, Судот нареди државата да ѝ исплати €15.000 за нематеријална штета и €10.000 за трошоци.
Случајот со двојното убиство и самоубиството во Велес не смее да се затвори заради тоа што убиецот е мртов. Потребна е целосна истрага за да се утврди одговорноста на оние кои требало да преземат дејствија за заштита, а не го сториле тоа. Тоа е потребно заради задоволување на правдата, но и како поука за постапување во идни слични случаи и превенирање на идолентен однос на државата во случаи на семејно и друго насилство. Не може секогаш вината да се бара во наводните “дупки” во законите. А најблиските роднини на убиените во Велес, имаат право да ја тужат државата за сериозни прекршувања на домашното право и Европската конвенција за човекови права и да бараат надомест на штета“, напиша Дескоска.