Десетина тепачки низ земјава, нападнати малолетници и пред обложувалници


Десетина тепачки се пријавени во земјава во изминатото деноноќие, при што напаѓани се и малолетници со остри предмети и тоа пред обложувалници, на игралишта, на улица…

Имено, во петокот, во 18.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред маркет на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.С.(41) од Скопје и И.Р.(24) од с.Орешани, скопско.

Нешто по полноќ, во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода М.М.(34) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава на Б.Ш.(45) од Тетово дека околу 00.10 часот пријавениот со остар предмет се обидел да го нападне неговиот малолетен син.

Во петокот, во 22.50 часот во СВР Скопје, А.А.(28) од Скопје пријавил дека околу 22.20 часот пред обложувалница во село Трубарево, скопско бил физички нападнат од 17-годишник од село Трубарево.

Истиот ден, во 20.30 часот во СВР Куманово, Љ.В.(35) од Куманово пријавил дека околу 19.00 часот, додека бил на своето работно место како обезбедување во казино во Куманово, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице.

Во 2.13 часот по полноќ, во СВР Куманово, М.С.(19) од Куманово пријавил дека околу еден часот пред угостителски објект во Куманово, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од И.Ц.

Половина ќас по полноќ, во Полициска станица Кочани, С.С.(30) од Кочани пријавил дека на 13.08.2021 околу 22.30 часот во спортска обложувалница во Кочани бил физички нападнат со тврд предмет од Г.Ј. од населба Оризари.

Во 17.20 часот во Полициска станица Карпош, Б.А.(42) од Скопје пријавил дека во казино во трговски центар на подрачје на Карпош бил физички нападнат од М.К.(30) од Скопје.

НВо 13.30 часот во Полициска станица Гази Баба И.З.(45) од Скопје пријавил дека на 12.08.2021 околу 20 часот на игралиште во населба Ченто, на неговиот малолетен син, кој бил заедно со други малолетници, им биле упатувани закани од двајца малолетници, од кои едниот имал остар предмет со него.

На 14.08.2021 во 03.20 часот во СВР Куманово било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во угостителски објект во атарот на с.Проевце, кумановско., при што Т.В.Д.(25) од Куманово се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.