Десет врвни лекари добија Повелба за придонес во развојот на медицинската наука
Десетмина доктори се добитници на повелбата „Трифун Пановски“, која вчера ја додели Македонското лекарско друштво на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето. Признанието „Трифун Пановски“ се доделува за исклучителен и континуиран придонес во развојот на медицинската наука, унапредувањето на клиничката практика и подигнувањето на квалитетот на здравствената заштита.
Годинава, Светскиот ден на здравјето се одбележа под мотото „Заедно за здравје. Науката ја прави здравствената заштита подостапна“.
На свеченоста, реферат на тема „Науката ја прави здравствената заштита подостапна“ одржа проф. д-р Марија Димзова, која се осврна на современите научни достигнувања и нивното влијание врз подобрување на здравствената грижа.