Денвер слави историска титула во НБА. Јокиќ: Работа е завршена, сега можеме да си одиме дома


Кошаркарите на Денвер Нагетс за прв пат во историјата ја освоија титулата во НБА. Тие синоќа во својата Бол Арена ги победија Мајами Хит со 94-89 и со тоа ја решија финалната серија во своја полза со резултат 4-1.

Првото име на Денвер на патот до решавачката победа беше феноменалниот Никола Јокиќ кој постигна 28 поени, а имаше и 16 скока и четири асистенции.

Дабл-дабл оствари и Мајкл Портер (16 поени, 13 асистенции), а блиску до трипл-дабл беше Џамал ​​Мареј со 14 поени, осум скока и осум асистенции.

Мајами го предводеше Џими Батлер со 21 поен, Бам Адебајо постигна 20 (со 12 скока), додека сите останати беа далеку од нивото потребно за да се поразат Нагетс и да се врати серијата на Флорида.

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ ги искажа првите свои впечатоци по освојувањето на трофејот во НБА-лигата.

– Завршена работа, сега можеме да си одиме дома. Мајами е одличен тим. Неверојатен тим за кој имам многу почит. Петтиот натпревар беше страшен за нас, немавме реализација на ниво, но, на крајот сфативме како да се одбраниме, изјави Јокиќ за „ESPN“.

Дваесет и осумгодишниот Србин стана првиот играч надвор од топ 15 на драфтот кој беше прогласен за МВП на финалето и МВП на регуларниот дел од сезоната. Тој исто така стана првиот играч во историјата на НБА кој е прв на листата играчи според постигнати поени, остварени скокови и асистенции во ист плејоф.