Денеска почнува и реконструкцијата на бул. „АСНОМ“


Град Скопје денеска почна и со реконструкцијана бул. „АСНОМ“ од Куќата на фудбалот, каде и се стеснува, до мостот „Близнак“.

Овој потег досега не бил поправа, нема ни нов слој асфалт, а постоечкиот беше напукнат на повеќе места. Со оглед на тоа што од страната накај реката Вардар има големи тревнати површини, сосема е возможно да се претвори во широк булевар.

– Со целосна реконструкција на булеварот „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Србија“ до пристапната улица на Куќата на Фудбалот, се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот – велат од Град Скопје.

Се реконструира коловозот на улицата на површина од 9.750м2, со нови рабници и тротоари во должина 1.100 метри, предвидено е нивелирање на шахти и сливници. За граѓаните од овој дел на градот, се подигнува ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.