Дендиас сака целосно исполнување на Договорот од Преспа
Грција дава целосна и силна поддршка за приклучувањето на Северна Македонија во ЕУ и се залага за целосна имплементација на Договорот од Преспа и зајакнување на билатералната соработка, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на зедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Билатерланите односи, посочи Дендиас, поминуваат преку Преспанскиот договор. Има непредок во неговата имплементација, но има и доцнења во некои сегменти кои треба да се поправат.
– Грција го поддржува влезот на Северна Македонија и на другите земји од Западен Балкан во ЕУ. Тоа е заедничка цел. Почнувањето на преговорите ќе биде значителен чекор и тоа за Грција е значајна цел. Го разбираме разочарувањето од одложувањето, но треба да се гледа напред. Важно е да се имлементираат европските вредности, а ние нудиме целосна соработка, рече Дендиас.