Делегација на германското стопанство: Македонските текстилци нудат сеопфатни услуги
Текстилните компании во Северна Македонија нудат услуги кои ги опфаќаат сите фази на текстилно производство, покажа истражувањето, кое што го спроведе Делегацијата на германското стопанство во земјава.
Како што пишува во Утринската телеграма, Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство од направената анкета, шест компании одговориле дека вршат доизработка или производство на креан производ, додека други шест нудат само делумна доработка како боење, печатење, штепување, ткаење, шиење на копчиња.
Во Северна Македонија се регистрирани околу 400 текстилни компании, и повеќето од нив работат за германскиот, холандскиот и британскиот пазар, вели Мартенс.
Анкетата меѓу текстилните компании во земјава е спроевдена минатиот месец во соработка со Gesamtmasche, здружението на германската индустрија за плетење.
„Целта беше да се претстави опсегот на услуги кои ги нуди македонската текстилна индустрија. Во истражувањето учествуваа 14 текстилни компании од Северна Македонија“, вели Мартенс.
Инаку, оваа есен, Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија спроведе анкета помеѓу германските инвеститори во земјата.
„Нè радува фактот бидејќи расте бројот на инвеститорите кои во измината година се одлучија да ги прошират своите производни капацитетите, а посебно сме горди на податокот дека двата најголеми работодавачи во земјата се токму германски компании, компанијата Кромберт и Шуберт која вработува 5.997 лица, а веднаш зад неа на листата е Дрекслермајер со 5.850 вработени“, посочува Мартенс.
Германските инвестиции во земјата кои одговорија на оваа анкета вработуваат 20.000 лица и се сметаат за сигурни работодавачи.
Во однос на платите, 95 отсто од инвеститорите кои одговорија на прашањето поврзано со плати за неквалификуваните работници, исплаќаат дури 40 отсто повисоки плати од задолжителната минимална плата.
„Од анкетираните компании само 15 одговорија на прашањето за висината на нивните досегашни инвестиции во земјата, односно тие досега имаат инвестирано 382 милини евра.
Само 7 компании со нас ги споделија идните планови за инвестирање, тие планираат во периодот кој следи да вложат уште 144 милиони евра во земјата“, вели Мартенс во Утринската телеграма.
Тој најавува дека за помалку од еден месец ќе се одржи Suppliers Balkan Expo – SUBEX, на кој, единствената германска банка во земјата, ПроКредит Банка, е платинест спонзор, а настанот ќе биде поддржан и од златни и сребрени спонзори, како Invest in North Macedonia и компаниите Kiel, Lidl, Iprotex, Cargodian и Aktiva.