Делегација на Парламентот на Хрватска во посета на Собранието
Делегација на Одборот за европски работи на Собранието на Република Хрватска денеска е во официјална посета на Северна Македонија.
Како што најави собраниската прес-служба, предвидени се средби со претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби, со Националниот совет за евроинтеграции и со Антонијо Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика.