Делегација на Комисијата за надворешна политика во словенечкиот Парламент во посета на Македонија


Фото: Б. Грданоски

Делегација на Комисијата за надворешна политика на Државниот збор на Република Словенија денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија.

За време на посетата, најавена е средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонијо Милошоски и со членовите на Пратеничката група за соработка со словенечкиот Парламент.

Според агендата објавена на веб страницата на Собранието, во 11:10 часот најавени се изјави на претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски и претседателката на Комисијата за надворешна политика на Државниот збор на Словенија, Моника Грегорчиќ.