Дел од општина Аеродром без вода


Фото: Б. Грданоски

 Без вода денеска од 10:45 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Блажо Орландиќ“, „Илија Димовски – Гоче“ и „Димитар Македонски“. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на противпожарен хидрант на улица „Блажо Орландиќ“ 28а.

Поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на булеварот „Трета македонска бригада“ во близина на фабриката „Раде Кончар“, денеска од 11.10 часот без вода се дел од корисниците од овој булевар и објектите на „Раде Кончар“, „Окта“ , „Тинекс“ и Американ Колеџ. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектите.