Дел од Кировоградската област во Украина остана без струја по руски напад


 Руските трупи во текот на ноќта нападнаа инфраструктурни објекти во Новоукраинскиот округ во Кировоградската област, поради што 19 населени места останаа без електрична енергија, соопшти шефот на регионалната администрација Андреј Рајкович.

– Оваа ноќ се случи уште еден непријателски напад врз клучните инфраструктурни објекти на регионот, овој пат на територијата на Новоукраинскиот округ. Прелиминарно – нема жртви, наведе Рајкович на социјалните мрежи.

Според него, екипите на итните служби работат на отстранување на последиците од нападот и обновување на снабдувањето со електрична енергија.