Дел од Карпош и Сарај утре без струја


Дел од корисниците од улицата „Варшавска“ во општина Карпош утре од 9 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 13.30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Љубин, а од 9 до 14.30 часот, корисниците од селата Раовиќ и Паничари во општина Сарај.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.