Дејан Недев учесник на ИКУ светски карате шампионат во Аргентина


Македонскиот каратист Дејан Недев на 24 и 25 октомври 2024 ќе учествува на ИКУ Светскиот карате шампионат во дисциплината кати кој ќе се одржи во Буенос Аирес, Аргентина. 

– Двете светски федерации ИКУ и ИТКФ потпишаа меморандум за соработка во поглед на учество и поддршка на сите меѓународно организирани натпревари од страна на членките на двете светски карате федерации, соопштија од Македонската традиционална карате федерација.

На светскиот шампионат во Аргентина се очекува да учествуваат 57 земји со над 1.500 натпреварувачи.