Дејан Георгиевски во финалето на теквондо на Олимписките игри
Дејан Георгиевски го победи Дион Кјо Ин со резултат 12-6 во полуфиналната борба и стигна до финалето во теквондо на Олимписките игри.
За прв пат на турнирот во Токио, Георгиевски имаше негатива по првата рунда (0:1). Следуваа две добри минути за македонскиот репрезентативец и водство со 5:3 по втората рунда. Последните две минути поминаа во доминација на Македонецот за сигурен пласман во финалето.
Георгиевски ќе се бори за злато против Русинот Владислав Ларин во 14.45 часот.

Изутринава во 6.45 по македонско време, Георгиевски се бореше со Рафаел Алба од Куба, кој успеа да го совлада во категоријата до 80 кг.
Инаку една борба на теквондо трае три рунди по 2 минути, а нашиот претставник и знаменосец на игрите во Токио водеше цел натпревар.
Во првата рунда имаше предност од 5:1, па продолжи во одличен ритам и во втората зголеми на 10:3, за на крајот да слави со 11:8.

Георгиевски всушност успеа да го урне треторангираниот на Олимписките игри и актуелен светски првак, а во четвртфинале се бореше со Сејду Губане од Брегот на Слоновата Коска, кого исто така го победи со 9:4 во четвртфиналната борба, па со пласманот меѓу четирите најдобри на олимпискиот турнир во теквондо, си обезбеди борба за медал.

Резултатот до втората рунда беше 4:3 за нашиот претставник, Губане израмни на 4:4, но потоа следеа пет последователни поени на Дејан за потврда на квалитетот и извојување на нова голема победа од 9:4.

Македонија во историјата има само една бронза и тоа од ЛОИ во Сиднеј во 2000 година, кога Могамед Ибрагимов во борење освои бронза.