Дедомразовците трчаа низ Скопје (галерија)
Главниот град денес заличи на европска престолнина и се ишара во црвено-белата нијанса по улиците
Главниот град денес заличи на европска престолнина и се ишара во црвено-белата нијанса по улиците. На Плоштад Македонија во Скопје денеска се одржа 11-тата Дедомразовска трка. Стотици учесници облечени како Дедо Мраз трчаа два километри низ градот. Глетката предизвика смеа и воодушевување кај граѓаните од сите генерации.

Како што соопштија организаторите „Прв до врв“, сите учесници добија дедомразовски костуми. на настанот имаше награди за најбрзите учесници, новогодишни пакетчиња за децата под 10 години, музичка програма, и свечена церемонија за победниците.
Оваа година трката забележа рекордно учество со над 800 натпреварувачи од сите делови на Македонија. Највозрасниот учесник имаше 73 години, а најмладите беа бебиња помали од една година, кои заедно со своите родители ја почувствуваа веселата новогодишна атмосфера.







