Дедо Мраз однесе пакетчиња кај децата на Детската клиника


Дедо Мраз денеска им однесе пакетчиња на децата кои се хоспитализирани на Детската клиника во Скопје.

Во изненадувањето учествуваа и скопските пожарникари, кои во 9:00 часот ги вклучија сирените во кругот на клиниката и го најавија доаѓањето на Дедо Мраз. Поради пандемијата со ковид-19, наместо да влегува во Клиниката, Дедо Мраз ги однесе пакетчињата преку пожарникарските скали.

На терасата со дечињата беше и министерот за здравство Венко Филипче, кој потоа ги подели пакетчињата.