Данска убедлива против Романија, Словенија со пресврт до победа
Хернинг – Ракометарите на Данска ја остварија втората победа на Европското првенство откако синоќа ја надиграа Романија и ја совладаа со 39:24. До втор триумф стигна и селекцијата на Словенија, која и покрај негативата од девет разлика на почетокот на вториот дел ја совлада Швајцарија со 38:35.
Резултати на вчерашните натпревари: Македонија – Португалија 29:29; Данска – Романија 39:24 (Б група); Швајцарија – Словенија 35:38; Фарски острови – Црна Гора 37:24 (Д група); Полска – Исланд 23:31 и Унгарија – Италија 32:26 (Ф група).
По вчерашната втора победа Данска во Б групата, Словенија во Д групата и Исланд и Унгарија во групата Ф имаат максимални четири бодови.