Данела пристигна на средбата со премиерот Мицкоски (фото)


Фото: Б. Грданоски

Скопската градоначалничка Данела Арсовска  пристигна во Владата на средба за која беше закажана од страна на премиерот Христијан Мицкоски. Средбата е значајна и доаѓа по неодамнешните барања од страна на претставниците на Здружението на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) за одземање на ингеренциите на Град Скопје во однос на „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“. 

На средбата пристигна и Трајко Славевски,  член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател на Советот на Град Скопје/ Фото: Б. Грданоски

Арсовска кратко изјави пред средбата дека ќе закаже прес-конференција за утре, на која ќе бидат изнесени детали за резултатите од денешната средба. Според најавите, по завршувањето на средбата, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, ќе одржи прес-конференција на која ќе се објават дополнителни информации и позиции во врска со актуелните прашања.

Фото: Б. Грданоски

Средбата помеѓу градоначалничката и премиерот доаѓа во време кога јавниот интерес е насочен кон управувањето со комуналните услуги и зелените површини во главниот град, што дополнително ги зголемува очекувањата за нови решенија и реформи.

Фото: Б. Грданоски