Дали знаете зошто вратите на јавните тоалети не ја допираат земјата?

Дали некогаш сте се запрашале зошто вратите од јавниот тоалет не ја допираат земјата? Има многу добра причина зошто тие се така дизајнирани.
Една од главните причини е безбедноста. Доколку некој доживее несреќа во тоалетот, просторот под вратата овозможува брза реакција и помош.
Дополнително, овој дизајн го олеснува и забрзува чистењето, бидејќи просторот под вратата овозможува полесен пристап за хигиенско одржување, што често се бара неколку пати на ден на јавни места.
Исто така, една од причините е економичноста. Од компанијата за изнајмување преносни тоалети наведуваат дека финансиски поповолни се пократките врати, а помагаат и за намалување на непријатните мириси. Имено, отворот на дното овозможува брзо проветрување на просторот.
Шуплините на дното на вратата имаат дополнителна предност во проценката на достапноста на кабината, бидејќи им овозможуваат на корисниците брзо да ја видат зафатеноста на просторот.
И конечно, постои верување дека овој тип на врата ги намалува лошите навики или однесувања во тоалетот. Луѓето можеби „се воздржуваат од лошо однесување“ бидејќи срамот да се види дека се однесуваат несоодветно ќе обезбеди тие да се однесуваат соодветно.