Дали социјалното растојание во авион носи поскапи билети?


Мерките на Европската унија за воздушен сообраќај за време на пандемија на коронавирус вклучуваат носење заштитни маски од персоналот и патниците.

Други мерки, како што е социјалното растојание, сè уште не се целосно потврдени, што може драстично да ги зголемат патните трошоци, а со тоа да ги загрозат и авиокомпаниите и патниците.

Мерките и советите се јасни, маските се задолжителни, тие се ставаат  веднаш штом ќе влезете на аеродромот, ги тргнувате кога ќе пристигнете на вашата дестинација. Оваа мерка е неопходна за да се спасат животи и да се спречи циркулацијата на вирусот. Исклучоци од ова правило се деца под шестгодишна возраст.

Покрај тоа, маските мора да се менуваат на секои четири часа од хигиенски причини, така што ЕУ ги советува патниците да носат доволно маски со нив, пренесува Тумагазин.

ЕУ исто така советува дека едно место во ред треба да се остави празно и да се почитува правилото за далечина колку што е можно, додека услугата во авионите треба да се намали на апсолутен минимум.

IATA, Меѓународното здружение за воздушен сообраќај, ги отфрла барањата за одржување на социјална дистанца и предупредува за непосредно зголемување на трошоците. Воведувањето задолжително растојание во авионите меѓу патниците значително ќе ја промени економијата на авијацијата, а резултатот ќе биде значително поскап авионски билет што директно би ги загрозил и авиокомпаниите, особено нискобуџетните авиокомпании и патниците.