Дали имате грд ракопис? Еве што кажува тоа за вас


Ако спаѓате во онаа група на луѓе кои имаат крајно грд ракопис кој понекогаш не можете ни сами да го дешифрирате, тоа кажува многу за вашиот карактер.

Тие размислуваат за себе

Грдиот ракопис открива поединец кој размислува за себе и тешко го прифаќа туѓото мислење.

Студијата на Американското здружение на психолози откри дека таквите луѓе не секогаш се вклопуваат во општествените очекувања и норми и дека тоа го покажуваат преку пишување.

Креативни луѓе

Луѓето кои пишуваат лошо обично се покреативни и таквиот ракопис може да биде знак дека имате малку ексцентрична личност, тврдат психолозите.

Интелигентни

Психолозите откриваат знак на висока интелигенција и во неуредните напишани линии, со образложение дека пенкалото не може да ја следи брзината на мозокот.