Дали е премногу? Манекенка се појави на финалето на Ролан Гарос во горен дел од костим за капење


Финалниот натпревар помеѓу Јаник Синнер и Карлос Алкараз привлече не само љубители на тенисот, туку и бројни познати личности од светот на музиката, филмот и спортот. Меѓу истакнатите гости беа белгиско-конгоанскиот рапер Вилијам Калуби Мвамба и неговата девојка Мила Лапидус.

Моделот и актерка Мила предизвика големо внимание поради својот моден избор. Имено, таа се појави во необична комбинација – носеше горен дел од костимот за капење, кој го комбинираше со тренерки, црвена чанта и црни чизми со високи потпетици.

Сепак, Вилијам избра поедноставен стил, со црни панталони и бела маица.

Патем, Мила има и значајна актерска кариера. Публиката ја памети по нејзината улога во филмот „Revoir Paris“, француска драма од 2022 година во режија на Алис Винокур. Како модел, Мила е дел од престижната агенција Elite Model Management, што дополнително го потврдува нејзиниот статус во светот на модата.
Вилијам со години е едно од најпознатите имиња на француската музичка сцена. Тој стана познат во 2015 година со песната „Посејдон“, а сите негови албуми оттогаш достигнаа барем платински тираж.

Покрај овој пар, на трибините беа видени и многу други познати личности, меѓу кои актерките Натали Портман и Лили Колинс, поранешните НБА ѕвезди Дирк Новицки и Тони Паркер, НФЛ играчот Одел Бекам Џуниор и познатиот американски режисер Спајк Ли.