Дали Безос ѝ ја отвара вратата на Сидни Свини за нова Бонд девојка?


Според информациите од британските медиуми, актерката Сидни Свини e фаворитка за улогата на новата „Бонд девојка“ во претстојниот филм од серијата агенти 007, објави „Космополитан“. Режисерот Денис Вилнев, кој е поврзан со проектот, се смета за нејзин поддржувач, а според извори од „Сан“, Свини има и поддршка од Џеф Безос, сопственик на „Амазон“, компанијата што го презеде управувањето со франшизата.

Според медиумите, ова би можело да го објасни и нејзиното присуство на свадбата на Безос во Италија пред неколку недели.

„Сидни е на врвот на листата на актерки што ќе бидат избрани за Бонд“, тврди извор. „Дени верува дека е исклучително талентирана, има заводливост што привлекува помлада генерација – клучно за модернизација на серијата. Таа е исто така атлетско градена, способна да изведува физички сцени, а воедно да ја одржува својата женственост, во духот на класичните девојки од Бонд“.

Што се однесува до самиот Џејмс Бонд, сè уште нема официјална потврда, но Арон Тејлор-Џонсон останува еден од водечките фаворити.

Неговото име се споменува од 2022 година, кога беше кажано дека успешно ги поминал тестовите и добил одобрение од продуцентката Барбара Броколи. Други кандидати за кои се дискутира се Идрис Елба, Џонатан Бејли, Реге-Жан Пејџ, Том Харди и Џејмс Нортон.

Франшизата „Бонд“ поминува низ клучен период на преиспитување и развој откако „Амазон“ ги стекна правата, па конечните одлуки сè уште треба да се донесат.