Дачиќ не верува дека ќе дочека членство во ЕУ
На Балканскиот форум во Будимпешта, на кој присуствуваа министрите за надворешни работи на Македонија, Србија, Унгарија и Албанија, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рече дека не е оптимист дека ќе дочека овие земји да станат членки на ЕУ. Според него,мора да направиме се за да не им наштетиме на тие интеграции.
Тој потсети дека поминаа 20 години од самитот во Солун кога на Западен Балкан му беше ветена европска иднина поради што потребно е обновување на политиката на проширување.