Д-р Зафировски отпадна во Општина Карпош: Јакимовски и Весковски одат во втор круг


Во првиот изборен круг, кандидатот на СДСМ, Душко Весковски освои најмногу гласови и тој е главниот опонент на Јакимовски во второто изборно соочување.

Д-р Оливер Зафировски за помалку од 300 гласа заостана  зад Стевче Јакимовски

Во однос на составот на Советот на општината, најмногу советници ќе има СДСМ, а веднаш зад нив е ВМРО-ДПМНЕ. Во локалната власт свои претставници ќе имаат и Левица, Гром и независната листа на Невена Георгиевска.

Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да откријат дали ќе го поддржат Јакимовски во вториот изборен круг. Оттаму, во изјава за Слободен печат само кратко одговорија дека прво ќе сондираат и анализираат, па ќе решат.