ЦУК: Падна карпа на булеварот „Никола Карев“, по влезот во касарната „Илинден“ во Скопје


Центарот за управување на кризи вечерва извести дека на булеварот „Никола Карев“, по влезот во касарната „Илинден“ во Скопје, вечерва паднала карпа. За ова била добиена пријава преку повикувачкиот број за итни случаи 112 на ЦУК.

Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај, по што Градот ќе преземе мерки преку своите служби.