ЦУК: Нема активни пожари на територија на државата


Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот нема активни пожари на територија на државата. Има еден пожар под контрола и два изгаснати.

Според информациите од ЦУК, под контрола е пожарот на градската депонија во Штип, а изгаснати се пожарите кај селото Уларци во општина Чешиново – Облешево и меѓу селата Дедели и Собри во општина Валандово.