Црвена звезда му даде пет гола на Штутгарт за прва победа во Лигата на шампионите


Црвена звезда ја оствари првата победа во новиот формат на Лигата на шампионите откако многу решително и заслужено го совлада Штутгарт со 5:1 во Белград. 

„Црвено-белите“ досега немаа освоено ниту еден бод на турнирот и изгледаа дека повторно ќе загубат откако заостануваа во петтата минута по голот на Ермедин Демировиќ. 

Сепак, Звезда уште пред паузата направи целосен пресврт по головите на Силас Вамангитука (12′) и Раде Круниќ (31′). 

Во вториот дел одбраната на гостите продолжи да игра многу слабо, а српскиот тим го докрајчи Штутгарт со уште три гола, кои ги постигнаа Мирко Иваниќ (65′) и Немања Радониќ (69′, 88′).