Црн хумор од ВМРО-ДПМНЕ: Задоцнетата помош не била помош


Задоцнета помош не е помош, оценија денес со соопштение од партијата ВМРО-ДПМНЕ, откако со месеци го блокираа економскиот пакет мерки, а претходно и многу други одлуки кои требаше да помогнат во справувањето со здравствената криза. 

оради Заев и власта, граѓаните и стопанството два месеци беа оставени сами на себе. ВМРО-ДПМНЕ неколку пати апелираше петтиот пакет на мерки да се изгласа што е можно поскоро, но очигледно Заев и власта пред се се грижеа за своите криминали отколку за граѓаните кои не земале плата два месеци.Талат Џафери и владејачкото мнозинство намерно не ја ставија седницата за петтиот пакет на мерки на дневен ред во четвртокот, затоа што истата ќе беше изгласана со кворум на ВМРО-ДПМНЕ, а тие ќе немаа можност за театар, порачуваат од оваа партија.

Според нив, не е важно што помошта беше блокирана со месеци, туку тоа што можела да биде изгласана три дена порано ако СДСМ прифати да учествува во нивните политички игри во Парламентот.