„Неочекувана среќа“ на Вуди Ален го затвара 23. Синедејс
Во ГАЛА програмата, CINEDAYS директно од Кан кој се одржа кон крајот на мај 2024, за затворање на фестивалот, го носи награденото остварување на Вуди Ален „Coup De Chance“, 50-от негов филм. Всушнот, на Фестивалот на европски филм, единствено можеме, секоја година да ги гледаме филмовите на славниот режисер.
CINEDAYS е, исто така, единствениот фестивал во Европа кој ја има таа привилегија да ги прикаже новите наслови директно по нивната премиера во Кан, како годинава, на ова 23. издание, остварувањата на Кроненберг, на Корали Фержо со Деми Мур во главна улога, последниот филм на иранскиот легендарен режисер Расулоф, потоа Оноре, Жанг Жи, Хазанавициус, Полански…
Филмот ќе биде прикажан во паркот на МКЦ од 20:30 часот.
Претходно, од 19:30, во рамки на офф програмата на фестивалот, е Living Music Project во кино „Фросина“.
Програмата ќе биде заокружена со DJ Party (CINEmusic) на Плато МКЦ со DJ сет на Џано Куч Марко Иван Кочишки и Ѓорѓи Старделов што почнува во 23:00 часот.
Ален (88) има повеќе од половина век кариера како писател и режисер на влијателни класици како „Annie Hall” (1977) и „Crimes and Misdemeanors” (1989). Во доцниот период, кој започна со „Match Point“ од 2005 година, имаше соработки со ѕвезди како Скарлет Јохансон, Тимоти Шаламе и Кејт Бланшет, која освои Оскар за „Blue Jasmine” (2013). Комедијата на Ален од 2011 година „Match Point”“ му го донесе четвртиот Оскар, за оригинално сценарио и заработи повеќе од 150 милиони долари ширум светот – мегахит според стандардите на независното кино.