Цивил: Во Штип и Пласница мирен и навремен почеток на изборниот ден


Изборниот ден во општините Штип и Пласница започна мирно и навремено, соопшти невладината организација Цивил.

– Набљудувачите на Цивил известуваат дека имало неколку случаи во кои бележат непочитување на здравствените протоколи. На неколку места е забележано отстранување графити на објектите во кои се наоѓаат избирачките места, што е соодветно на правилата, се наведуца во соопштението на Цивил.

Според невладината организација, во текот на ноќта е забележано кршење на изборниот молк.

Изборниот ден во Штип и Пласница го следат 30 акредитирани набљудувачи на Цивил. Еден дел од набљудувачите се активни од првиот ден на официјалната изборна кампања која започна на 21 ноември. Мониторингот се спроведува во 16 категории, вклучувајќи го и почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот. Во мониторингот спаѓаат и категории на нерегуларности како што се: закани и притисоци, вандализам и насилство, злоупотреба на деца, корупција и изборен поткуп, говорот на омразата и лажни вести.

Цивил ги повикува и охрабрува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности во текот на денот на гласањето на онлајн формуларот на веб страницата Слободни избори.