„Човек против јато“: Тамара Котевска во Македонија го снима првиот игран филм

Тамара Котевска, корежисерката на „Медена земја“ што доби историски две номинации за Оскар во 2020, за најдобар странски филм и за најдобар документарец, и со награди на фестивалот „Санденс“, очна да го снима дебитантскиот игран филм „„Човек против јато“. Играното деби на Котевска со 325.000 евра го поддржа и македонската Агенција за филм на конкурсот во вториот рок во во 2019, а во 2023 доби поддршка од 265.000 евра од Паневропскиот филмски фонд Еуримаж.
Како што соопшти Агенцијата за филм, „Човек против јато“ е приказна сместена во рурална Македонија, каде изградбата на нов автопат го разурнува мирот на едно мало село и ја соочува традицијата со модернизацијата. Главните улоги ги играат Кирил Андоновски, Верица Недеска, Лола Трендафиловиќ и Горан Богдан, а играат и актери од Хрватска, Германија, Холандија и Бугарија.
-Филмот е во продукција на „Видео студио Петковски“, во соработка со партнери од Хрватска, Грција, Турција, Србија и Црна Гора, и е финансиски поддржан од Министерството за култура на РСМ и филмските центри на соработничките земји, наведува Агенцијата за филм.
Лани, летото, Котевска го започна снимањето на новиот документарец, возбудлива приказна која не носи во далечниот Сибир во светот на племето Долгани, во светот на нивните митови и легенди кои си ги пренесуваат од генерација на генерација.