Човек кој извршил убиство во Македонија, фатен во Србија


Човек кој извршил убиство во Македонија е уапсен во Србија. 

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија во Белград го уапсија О.Ж. (1984) по потерница од Северна Македонија за издржување затворска казна за убиство извршено во Македонија, oбјави денеска Министерството за внатрешни работи.

Постапката против О.Ж., на барање на македонското Министерството за правда, а во согласност со Законот за меѓународна правна помош во кривична материја, е префрлена на српските правосудни органи.

О.Ж. е уапсен по барање на Министерството за правда на Северна Македонија, а ќе биде изведен пред Вишиот суд во Белград според потерницата распишана од Македонија за издржување затворска казна за кривично дело убиство.