Чкембари вечерва ќе загадуваат – ќе организираат пиротехнички „спектакл“


Вечерва во Битола ќе се одржи пиротехнички спектакл во организација на навивачката група Чкембари. Настанот ќе започне во 19:30 часот со собир во паркот кај Саат-кула, по што ќе следи шоу кое се очекува да ја привлече вниманието на голем број граѓани.

Организаторите упатија апел до возачите за претпазливост и внимателно движење по булеварот во периодот од 20:00 до 22:00 часот, со цел да се обезбеди поголема безбедност за време на одржувањето на настанот.

Со порака „Сите генерации во исто време“, Чкембарите најавуваат обединување на навивачите од сите возрасти во една незаборавна вечер под мотото „Ко вчера да беше.“

Ваквиот нецивилизациски начин на организирање забави никако да престане во Македонија, ниту пај некој одговорен гледа причина да го регулира славењето со пиротехника што мешудругото доведе и до трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. И покрај сознанието дека употребата на пиротехника го загрозува животот на птиците и многу други животни, таа значајно придонесува и за загадувањето, а ефектот може да се постигне и со компјутерска анимација, како што веќе се прави во светот и се правеше за Нова Година во соседна Грција и подоцна во Кина.  Пиротехника во изобилие деновиве има и на собирите во рамките на политичката кампања иако паралелно се одржуваат протести за чист воздух а п