Четворица се заканувале и нападнале членови на семејството


Во четири одделни инциденти, синови и сопрузи се заканувале или нападнале членови на своите семејства во последното деноноќие, нотира полицискиот билтен.

Утрово, во 2.40 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.С.(32) од Штип затоа што околу 01.40 часот во дворот од семејната куќа во Штип агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговите татко, брат и снаа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера пак, во 18 часот, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари извршиле службен разговор со А.М.(55) од Скопје затоа што во домот физички ја нападнал и со остар предмет се заканувал на неговата 45-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 20.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле А.Д.(49) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал во домот на неговата 83-годишна на подрачјето на Кисела Вода и оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.С.(32) од Штип затоа што околу 18.30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата поранешна 26 – годишна партнерка од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.