Четиримесечно бебе од Богданци починало по подолго лекување на Детската клиника во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Машко бебе на четиримесечна возраст починало во Богданци во текот на вчерашниот ден, а смртта во полицијата ја пријавил лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според полицијата, бебето од раѓање имало здравствени проблеми и подолг период било на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Екипа од ОВР Гевгелија извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес телото на бебето било предадено на обдукција.