Четири медали за македонските каратисти на „Златен појас“ во Чачак
На Меѓународниот карате турнир „Златен појас“ одржан викендот во Чачак, Србија, настапија и 15 македонски каратисти. Тие освоија четири медали.
Андреј Стојчевски во категоријата -60 кг освои сребрен медал, додека членовите на Макпетрол, Петар заборски (-75 кг), Викторија Јовановска (-68 кг) и Јована Мицовска (-61 кг) с езакитија со бронзени медали.
На турнирот во Чачак, Србија настапија каратисти од 22 земји од Европа.