Четири локомотиви ќе ни даде Србија за влечење товарни возови
Четири локомотиви за товарни возови се очекува да стигнат во следните три-четири недели во Македонија од Србија, а за возврат ние ним ќе им дадеме стари вагони кои ќе си ги репарираат во нивната фабрика.
Новиот министер за односи со заедниците Иван Стоиљковиќ, во емисија на Канал 5, појасни дека преговарал со српската страна и ова го договориле, се со цел, стоката од грчка граница да може да стигне до Табановце и понатаму во Србија.
Стоиљковиќ не сакаше да коментира околу најавата за престанок на изградбата на пругата кон Бугарија и пренасочување на парите кон обновување на пругата Гевгелија – Табановце.