Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево

Две лица се хоспитализирани и две се амбулантски згрижени на Клиниката за токсикологија како последица од пожарот во складиштето за рециклирање електронски отпад во Трубарево.
Портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција рече дека четири лица се здравствено згрижени, но дека нема повеќе информации за нивната состојба.
За тоа поопширно, рече, ќе соопшти министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во 13 часот, заедно со директорот на Токсикологија, д-р Арѓенд Имери.
Опасен отпад од вчера гори во рециклаторниот центар, а пожарот вчера околу 13.30 часот во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Пожарот за кратко време предизвика густ црн чад и се прошири и на неколку околни објекти.
Пожарот утринава е ставен под целосна контрола по 15 часа.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов кажа дека е спречено пожарот да се прошири во погоните каде е складирана отпадна пластика. Тој рече дека пожарникарите откривале каде горат литиумските батерии според пукотниците и таму се дејствувало со песок, а на другиот запален отпад со вода и пена.