Честитка од Џафери за Велигден


Претседателот на Собранието Талат Џафери упати денес честитка до сите првославни верници по повод празникот Велигден. Во неа .Во неа тој порачува дека не се когаш материјалното е одговор и дека убавиот збор, благородното и хумано дело дава радост и не прави посреќни.  проблемите Почитувани граѓани, православни верници во Република Северна Македонија,

„Дозволете од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден.

Нека и овој празник биде убав повод да се соберат семејствата, да се споделат убавите вести, да се сподели тоа што се има со тие што ве прават среќни и исполнети. Покрај тоа, нека биде прилика да бидете утеха за помалку среќните и послабите од вас. Не секогаш материјалното е одговор и решение за сите тешкотии со кои удира животот. Напротив, убавиот збор, благородното и хумано дело, сочувствувањето со несреќните причинува поголема радост и дава спокој во душата.

Бидете и Вие нечие светло на крајот на тунелот, нечиј топол дом и засолниште, нечиј зрак на надеж. Човештвото поминува низ вистински тешки искушенија и во потрага по вечноста и славата, се заборава вредноста на животот и се посегнува по него без при тоа да се размисли дали тој што не го создал животот има право да го одземе него. Сепак, секој од вас поединечно и сите заедно, немојте да бидете слепи и глуви на ова страдање. Дозволете светлината да ги осветли и стопли Вашите домови, да Ве сплоти во молитвите и да донесе мир и хармонија во Вашите мисли.

Драги сограѓани,
Ви посакувам добро здравје и благосостојба, Вам, на Вашите блиски и на сите православни верници во Република Северна Македонија. Честит Велигден!- стои во честитката на Џафери.