Чешката тенисерка Каролина Мухова се пласираше во полуфиналето на УС Опен


Њујорк – Чешката тенисерка Каролина Мухова се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако синоќа во четврт-финалето ја совлада Бразилката Беатрис Хадад Маја со резултат 6:1, 6:4.

Натпреварот траеше еден час и 23 минути. Мухова е 52. тенисер во светот, додека Хадад Маија е 21. на ВТА листата Чешката тенисерка направи два брејка во двата сета. Таа така оствари убедлива победа и го повтори резултатот од лани кога играше и во полуфиналето на УС Опен.

Мухова во полуфиналето на УС Опен ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Полјачката Ига Швојнтек и Американката Џесика Пегула.