Чарлс „кисело“ се насмевна на прашањето за Хари и Меган (видео)


Британскиот принц Чарлс (72), како што пренесуваат западните медиуми, безволно, „кисело“ се насмевнал на прашањето за коментар на интервјуто на неговиот син, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл кај Опра Винфри.

Принцот од Велс, Чарлс вчера  го имаше своето прво јавно појавување по интервјуто, како што објави „Мирор“. Тој носел заштитна маска и одби да ги коментира прашањата на новинарите кои се појавија пред местото за вакцинација кај околната црква.

Откако ја напушти црквата, новинар го прашал Чарлс што мисли за интервјуто, по што Чарлс „кисело се насмевна“, како што објавија тамошните медиуми. Во едно интервју, Хари, меѓу другото, рече дека Чарлс престанал да комуницира со него некое време.