Чајникот на природата од „Алкалоид“ ви носи нови вкусови!

Време е за нешто ново и освежително! Good Nature ги претставува своите најнови чаеви, создадени за да го збогатат вашето секојдневие:
Ѓумбир со лимонова трева– комбинација што носи свежина и сладост, совршен за релаксација по напорен стресен ден. Овој чај, целосно без кофеин и со вкус на лимон, ги обединува богатите ароми на ѓумбирот со нежната есенција на лимоновата трева, создавајќи совршен напиток за секој миг од денот. Препуштете ѝ се на природата, која ќе ве инспирира и ќе го збогати вашиот ден.
Ѓумбир со цимет и портокал – совршен сојузник за смирување на стомакот и подигање на имунитетот.
Изберете го омилениот вкус и доживејте вистинско чајно уживање.