Централниот регистар одбележува 25 години постоење
Централниот регистар денеска одбележува две и пол децении од основањето.
На настанот по повод јубилејот, предвидени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за јавна администрација Горан Минчев.
По освртот на 25-годишното работење на Регистарот, ќе се одржат панел дискусии на кои ќе стане збор за дигитализацијата и електронските услуги со фокус на забрзување и поедноставување на постапките за упис во регистрите преку дигитални решенија и овозможување целосен далечински пристап до услугите, како и за имплементацијата на клучните AML регистри за спречување перење пари и финансирање тероризам.
На настанот насловен „Силен регистар – Силна економија, 25 години градење доверба“, ќе бидат доделени плакети за поддршка и придонес во развојот на институцијата.