Проверувајте ги сметките – ќе легнат пари до крај на месецов
Уште неколку дена до крајот на месецот, а граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ го очекуваат повратот на дел од платениот ДДВ за третото тримесечје од 2026 година.
Станува збор за сметките скенирани во јули, август и септември, за кои исплатата на повратот треба да се реализира најдоцна до 30 ноември 2026 година.
Средствата се исплаќаат директно на трансакциските сметки на корисниците, а износот зависи од вредноста на скенираните фискални сметки и пресметаниот поврат.
До крајниот рок за исплата остануваат уште неколку дена, но засега нема официјална потврда од Управата за јавни приходи за точниот датум кога парите ќе легнат на сметките на граѓаните.